Русија: САД се подготвуваат за нова пандемија, трагаат по вирусни мутации

 – Русија денес истакна дека Соединетите Американски Држави (САД) започнале со подготовки за „нова пандемија“ трагајќи по мутации на вируси преку новоформираната Канцеларија за подготвеност и одговор на пандемии (OPPR).

„И покрај фактот дека наведените цели на американската програма се да се следи инциденцијата на болестите и да се обезбеди помош за земјите во развој… гледаме дека Пентагон спроведува неконтролирано истражување со двојна намена за заобиколување на меѓународните обврски“, изјави на брифингот во Москва Игор Кирилов, шеф за радијациска, биолошка и хемиска заштита на руските вооружени сили.

Нагласувајќи дека американските воени проекти првенствено се насочени кон проучување на „потенцијалните агенси на биолошкото оружје“, Кирилов тврди дека американската воено-биолошка активност претставува „безбедносна закана за многу земји во светот“.

„Постои јасен тренд: патогените што влегуваат во областа на интерес на Пентагон, како што се Ковид-19, птичји грип, африканска свинска чума, последователно стануваат пандемија, а американските фармацевтски компании извлекуваат корист од тоа“, рече Кирилов.

Тој истакна дека „како и во 2019 година, САД почнаа да се подготвуваат за нова пандемија со трагање по вирусни мутации. Не ја исклучуваме можноста САД да ги користат таканаречените одбранбени технологии за офанзивни цели, како и за глобално владеење со создавање кризни ситуации од биолошка природа“.

Кирилов тврди дека канцеларијата е „директно вклучена“ во собирањето опасни патогени во различни региони во светот и тестирањето на нерегистрирани лекови врз основа на документи во текот на војната во Украина.

Канцеларијата за подготвеност и одговор на пандемии (OPPR) беше отворена на 21 јули за подготовка и одговор на евентуални пандемии и ја предводи Пол Фридрихс, воен хирург и пензиониран генерал-мајор на Воздухопловните сили, кој помогна во работата на Пентагон во текот на пандемијата на Ковид-19.