Министерството за одбрана на Русија тврди дека рускиот авион немал контакт со американскиот дрон.
Во меѓународниот простор над Црното Море, руски борбен авион Su-27 се судри со американски дрон MQ-9, соопшти Европската команда на вооружените сили на САД. Во оваа прилика се огласи и Министерството за одбрана на Русија.
Во соопштението се наведува дека два руски авиони извршиле небезбедно и непрофесионално пресретнување и дека еден од нив го закачил пропелерот на американскиот дрон, што ги принудило пилотите на САД да го спуштат леталото во морето. Во соопштението се наведува и дека руските авиони фрлале гориво кога летале пред дронот.
Во оваа прилика, Министерството за одбрана на Русија соопшти дека рускиот авион немал контакт со дронот и не користел оружје.
„Американскиот дрон MQ-9 сам падна во Црното Море при остар маневар. Утрото на 14 март во регионот на полуостровот Крим беше забележано дека американскиот дрон се приближува кон државната граница на Руската Федерација”, тврдат од руското Министерство.