Русија се „одмазди“

Конзулатот на Финска во Санкт Петербург денеска беше затворен откако Русија претходно најави затворање.

Услугата за корисници во конзулатот веќе била прекината на почетокот на месецот, пренесува финскиот јавен сервис YLE.

„Крај на една ера. Горда сум на нашиот тим и сработеното“, изјави конзулот Санамарија Ванамо на социјалната мрежа Икс (Твитер).

На почетокот на јуни Финска ја извести Русија дека ќе протера девет руски „шпиони“ од нејзината земја бидејќи, како што соопштија финските власти, ја прекршиле Виенската конвенција која ги регулира дипломатските односи.

Како одговор, руското Министерство за надворешни работи протера девет фински дипломати и најави затворање на финскиот конзулат во Санкт Петербург до почетокот на октомври.