Русија соопшти дека собори моќно американско оружје во Украина: Соборена е паметна ракета со дострел од 150 километри и тивко лета (ФОТО)

Русија денеска соопшти дека соборила паметна бомба од американско производство истрелана од украинските сили, што е првпат Москва да тврди дека соборила тип на оружје што и’ овозможува на Украина да погоди далечни цели.

Таканаречената бомба GKSDB се лансира со помош на ракета, а потоа со сателитско наведување тивко лебди до целта, која може да биде оддалечена и до 150 километри. Тоа е двојно поголемо растојание во споредба со ракетниот систем HIMARS што беше испорачан во Киев минатата година.

Украина долго време бара оружје способно да ги гаѓа руските командни центри, односно линиите за снабдување и други цели зад непријателските линии. Се шпекулира дека Вашингтон почнал да ја снабдува Украина со ваков вид оружје.

Русите тврдат дека го срушиле GLSDB, но нема да кажат каде. Во руското соопштение се вели дека противвоздушната одбрана го соборила GLSDB, но не е прецизирано каде се случило тоа. Пошироката употреба на GLSDB би ги изложила руските линии за снабдување во источна Украина на напад и ќе ја принуди Москва да ги оддалечи од првите линии.

Независни воени експерти велат дека HIMARS и’ помогнал на Украина да го сврти бранот на војната, откако првичниот план на Русија да започне брза инвазија не успеа.