– Руските трупи ја презеле контролата врз рурално населено место во најисточната украинска Луганска Област, соопшти денес руското Министерство за одбрана.
Министерството истакна дека руските војници го освоиле населеното место Билохоривка, кое се наоѓа на околу 61 километар од градот Славјанск и 74 километри од градот Краматорск во источната Доњецка Област.
Во соопштението понатаму се вели дека руските трупи презеле контрола и врз „покорисни линии и позиции“.
Се тврди дека руските сили ги поразиле украинските трупи во близина на населеното место Хлибоке во североисточната Харковска Област, како и дека одбиле два контранапади во близина на градот Вовчанск и селото Старица во истата област.
Украинските власти сè уште не ги коментирале тврдењата, а независната проверка е тешка поради тековната војна.
На 10 мај, украинското Министерство за одбрана соопшти дека руските сили се обиделе да ја пробијат одбраната на земјата во Харковската Област, отворајќи нов фронт во над двегодишниот конфликт кој е концентриран на истокот и југот на земјата.
Оттогаш судирите во регионот се интензивираа, особено во близина на Вовчанск, кој се наоѓа на околу 74 километри од Харков, вториот по големина град во Украина.
Русија тврди дека презела контрола над повеќе гранични населени места од почетокот на нејзината офанзива на Харковскиот фронт.
Над 10.500 луѓе од подрачјето на Боходухив, Чухуив и Харков во регионот се евакуирани поради тековните судири.