– Министерството за одбрана на Русија соопшти дека украинските сили извршиле обиди за напади со беспилотни летала во областите на Црно Море, Крим, Курск, Белгород и Орловска Област.
Во соопштението на Министерството се наведува дека се спречени нападите на украинската армија.
„Ноќта меѓу 20 и 21 септември беа спречени обиди на режимот во Киев да нападне објекти на територијата на Руската Федерација со беспилотни летала во облик на авиони“, се вели во соопштението.
Се додава дека руските системи на противвоздушна одбрана уништиле 19 украински беспилотни летала над територијата на Црно Море и Крим, а по едно беспилотно летало над Курск, Белгородск и Орловската Област.