– Руското Министерство за одбрана соопшти дека руските сили спречиле украински обид за напад со беспилотни летала над Калушката Област, западно од главниот град Москва.
Во соопштението се наведува дека украинските сили се обиделе да извршат напад со шест беспилотни летала.
„Руските сили го спречија обидот на киевскиот режим вечерва да изведе терористички напад со беспилотни летала врз Калушката Област“, се вели во соопштението од Москва.
Истакнувајќи дека руските системи за противвоздушна одбрана ги уништиле сите шест украински беспилотни летала, од руското Министерство рекоа дека во блокираниот напад нема загуба на животи или материјална штета.
Руските власти претходно ја обвинија Украина дека на 24 и 28 јули извршила напади со беспилотни летала врз Москва. Министерството за одбрана на Русија, исто така, на 30 јули и 1 август објави дека Украина се обидела да ги нападне Москва и Московската Област со дронови. Во двата напада беспилотните летала удриле во облакодер, нанесувајќи штета на зградата.