РУСИЈА СПРОВЕДУВА ВОЕНИ ВЕЖБИ НАД БАЛТИЧКОТО МОРЕ: Ја проверуваат подготвеноста на борбените авиони и пилотите за специјални задачи

Руското Министерство за одбрана соопшти дека изведува тактички воени вежби над Балтичкото Море, со цел да се провери подготвеноста на борбените авиони и пилотите за извршување специјални задачи.

„Екипажот на Су-27 (борбени авиони) на Балтичката флота истрела воздушно оружје врз крстаречки ракети и лажни непријателски авиони“, соопшти Министерството на Телеграм, пренесува Ројтерс.

Министерството, исто така, објави дека покрај усовршувањето, екипажите на борбените авиони се на „24/7 борбена задача“, чувајќи го воздушниот простор на руската ексклава Калининград.