– Русија значително го зголеми производството на високопрецизно оружје, изјави денес рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, пренесува Анадолу.
Говорејќи на состанокот со воените началници во седиштето на Здружената група на сили во Москва, Шојгу рече дека извршил увид во спроведувањето на наредбата за државна одбрана од одбранбената индустрија.
„Сето ова овозможува извршување на задачите поставени од врховниот командант (претседателот Владимир Путин) во согласност со планот за спроведување на специјалната воена операција“, истакна тој.
Шојгу слушаше и рапорти за обезбедување муниција на руската армија во Украина, истакнувајќи дека ова прашање е под постојана контрола на Министерството.
Воените началници разговараа и за тоа како да се подобри логистиката за снабдување на руските вооружени сили.