Русија тврди дека во Украина пресретнала ракети од американско производство ADM-160B MALD

 – Руското Министерство за одбрана денес објави дека во Украина пресретнало ракети од американско производство ADM-160B MALD (Miniature Air-Launched Decoy), дизајнирани за сузбивање на противвоздушната одбрана, за прв пат во текот на нејзината „специјална воена операција “.

Две ракети од овој тип се соборени од Русија, соопшти Министерството, со напомена дека Соединетите Американски Држави официјално не објавиле свои испораки на Украина.

Министерството ги карактеризира ракетите ADM-160B MALD како „исклучително тешки“ за пресретнување.

Станува збор за мали крстосувачки ракети кои се користат за залажување на противвоздушната одбрана на непријателот. Во зависност од специфичниот вид, овие мамки може да се користат за попречување на непријателските радари или за залажување на операторот.