Русија тврди дека пресретнала АТАКМС ракети истрелани од Украина

Русија тврди дека осум ракети АТАКМС од американско производство истрелани од вооружените сили на Украина биле соборени над Азовското Море во текот на ноќта.

Во меѓувреме, Киев нападна и руски објекти на други места, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана, додавајќи дека осум украински воздушни беспилотни летала и два подводни дронови се уништени во регионот на Црното Море.

Министерството соопшти дека вооружените сили на Украина, исто така, извршиле напад со беспилотни летала врз цивилни објекти во јужниот руски регион Краснодар, каде што биле соборени или заглавени пет дронови.

Еден од дроновите паднал врз помала енергетска единица, со што е прекинато снабдувањето со електрична енергија во блиската населба, се вели во соопштението.

Исто така, од остатоците на украинските ракети во градот Керч беа оштетени автомобил и железнички траекти, соопштија локалните власти.

Украина се уште нема коментар за тврдењата на Русија.