– Русија денес соопшти дека синоќа соборила осум украински беспилотни летала во различни делови на Русија.
Во соопштението на Министерството за одбрана се вели дека Киев „се обидел да изврши терористички напади со дронови налик на авиони“ над северозападниот дел на Црно Море, Кримскиот Полуостров, регионите Курск и Брјанск.
Во посебно соопштение гувернерот на регионот Курск, Роман Старовоит, истакна дека покривот на една административна зграда и неколку приватни куќи биле оштетени во нападот со дрон.
Министерството соопшти дека извршило напади и ги уништило контролните точки од кои Украина ги лансирала дроновите.
„Екипажите на мултифункционалните ловци-бомбардери Су-34 на Централниот воен округ извршија напад на командни и набљудувачки пунктови и контролни пунктови на беспилотните летала, како и оклопни борбени возила на вооружените сили на Украина во правец на Краснолимански во рамките на ‘специјалната воена операција’ со наведувани бомби“, соопшти Министерството.
Оттаму додадоа дека „за да ги уништат целите, пилотите користеле наведувана муниција што со голема точност ги уништувала утврдените непријателски структури и опрема, планирајќи од голема височина“.