– Украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави дека Русија ја нападнала украинската територија со над 60 беспилотни летала од типот „Шахед“ и приближно 90 различни типови проектили.
Наведувајќи дека синоќа руската војска извела напад на територијата на Украина користејќи повеќе од 60 беспилотни летала, Зеленски преку социјалните мрежи наведе дека цел на нападите биле енергетските објекти на Украина.
„Светот јасно ги гледа целите на руските терористи: централите и цевководите, браните, хидроцентралите, обичните станбени згради, дури и тролејбусите. Русија им објави војна на животите на обичните луѓе. Изразувам сочувство до семејствата и роднините на оние што ги загубија животите во овој тероризам“, рече Зеленски.
Истакнувајќи дека службите за итни случаи работат во сите градови погодени со нападите, Зеленски нагласи дека продолжуваат напорите за обновување на снабдувањето со електрична енергија во погодените региони Харков, Запорожје, Суми, Полтава, Дњепропетровск, Одеса, Хменици, Виница и Ивано-Франковск.