Русија ја нападна Украина со ирански беспилотни летала

Најмалку шест лица се повредени откако рој руски беспилотни летала погоди различни региони на Украина.

Украинските воздухопловни сили соопштија дека руските сили лансирале 13 беспилотни летала Шахед од иранско производство, гаѓајќи ги регионите во североисточниот и центарот на земјата.

Сите 13 беспилотни летала беа соборени, соопшти воздухопловството, но критичната инфраструктура, како и комерцијалните и станбените згради, беа оштетени во регионите Харков и Днепро.

Според гувернерот на Харков, 13-годишно дете и една жена се згрижени во болница, додека други две жени се згрижени на едно од местата.

Во индустрискиот регион Дњепропетровск две лица се повредени, јавува skynews.

Инаку, Русија го започна неоправданиот напад на Украина на 24 февруари 2022 година, предизвикувајќи илјадници жртви и голема материјална штета.