Руси нападнаа градинка во Харков, повредени деца, има мртви! Страшни снимки од местото на настанот, зградата е оштетена!
Руски беспилотни летала погодија градинка во Харков, јавуваат украинските медиуми. Според првичните информации, едно лице загинало.
Како што пишува „Киев пост“, во нападот се повредени деца. Службите за итни случаи и спасувачите излегоа на местото на настанот.
Станува збор за приватна градинка, а по нападот избувнал пожар.
„Во областа Холодногир беше погодена приватна градинка, има повредени деца. На местото на нападот избувна пожар“, објави градоначалникот Игор Терехов.
До 11:18 часот наутро, сите деца беа евакуирани од просториите, но пожарот во институцијата сè уште гори.
Видеата на социјалните мрежи покажуваат како зградата е тешко оштетена, додека автомобил гори пред неа.
Шефот на регионалната државна администрација на Харков, Олег Синегубов, извести дека во рускиот напад загинал 40-годишен маж. Уште пет лица се повредени. Една жена со тешки изгореници е на интензивна нега.
Претходно, градоначалникот на Харков пријави масовен напад од непријателски беспилотни летала – удар во округот Холодногорск, веројатно од „Шахид“, а потоа уште две повторени експлозии.