Силите на противподморничка/диверзантска одбрана елиминираа едно надводно беспилотно летало на надворешното сидро на Севастопол, додека другото експлодира сам од себе без да оштети никакви објекти, напиша во понеделникот гувернерот на Севастопол, Михаил Развозаев на својот канал Телеграм, пренесе ТАСС.
Претходно тој објави дека Црноморската флота одбива напад од надводни беспилотни летала на надворешното сидро на Севастопол.
„Денеска, со почеток во 3:30 часот, беше извршен обид за напад на Севастопол. Досегашната ситуација: еден надводен дрон беше елиминиран од противподморнички/диверзантските одбранбени сили, а друг сам се разнесе. Се се случи кај надворешното сидриште, ниту еден објект не е оштетен. Во моментов во градот е тивко, но сите сили и служби остануваат на готовност“, напиша тој.
Севастопол е главната поморска база на Црноморската флота и украинската војска се обиде да го нападне со беспилотни летала во неколку наврати во текот на изминатите неколку месеци. Еден од последните напади со беспилотни летала на Севастопол беше извршен на 22 март, а потоа Црноморската флота го одврати нападот елиминирајќи три цели.