РУСКА САБОТАЖА !? Хакери го “урнаа“ најголемиот мобилен оператор во Украина

Системот на најголемиот украински мобилен оператор беше урнат во вторник во невиден сајбер напад, а украинската разузнавачка агенција СБУ соопшти дека е можно да се работи за операција на руски специјални служби.

Една од верзиите што СБУ во моментов ја истражува е дека руските специјални служби можеби стојат зад овој хакерски напад“, се вели во писменото соопштение испратено до медиумската агенција Reuters.

Утрото на 12. декември ‘Киев-Стар‘ беше цел на моќен хакерски напад кој предизвика технички проблеми“, објави компанијата на социјалната мрежа Х (Твитер).

Телефонските и интернет конекциите биле прекинати низ целата Украина, а недостапна била и веб-страницата на операторот.

Компанијата им порача на корисниците дека нивните податоци не паднале во погрешни раце и им препорача да се префрлат на мрежите на други оператори, што е можно да се направи по руската инвазија пред 21 месец.

Се уште не е познато каде се извршени нападите.

Киев-Стар“ има 24 милиони корисници, а поранешниот американски државен секретар Мајк Помпео е во надзорниот одбор од ноември.

Во меѓувреме, украинската банка „Монобанк“ објави дека била и цел на хакерски напад, а технички проблеми пријавил и вториот по големина мобилен оператор „Водафон“.