Рускиот министер за одбрана: Зголемено производството на муниција во текот на изминатата година

 – Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу вчера изјави дека производството на муниција било зголемено во текот на минатата година.

На состанокот со шефовите на војската во Москва, Шојгу рече дека проширувањето и модернизацијата на производствените капацитети овозможиле да се зголеми производството на муниција и оружје.

„Опремата и оружјето пристигнуваат навремено во зоната на специјални воени операции, со што се зголемуваат борбените способности на комбинираните сили“, рече тој.

Русија започна „специјална воена операција“ во Украина во февруари 2022 година.

Според зборовите на Шојгу, добро воспоставениот систем на оперативно снабдување и одржување во борбената зона значително го скратил времето за ажурирање на оружјето и воената опрема.

„Главната задача во овој момент останува да се обезбеди секоја единица и секој борец со сѐ што им е потребно за успешно извршување на борбените задачи“, додаде тој.