Рускиот министер за одбрана им наредил на доброволците да потпишат договори. Шефот на „Вагнер“: Нема

Лидерот на платеничката група „Вагнер“, Евгениј Пригожин, денеска изјави дека неговите борци „нема да потпишат никаков договор со рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу“, пренесе Скај Њуз.

Руското Министерство за одбрана вчера соопшти дека Шојгу им наредил на сите доброволни единици да потпишат договори со министерството до крајот на месецот со цел да се зголеми ефикасноста на руската армија.

Пригожин го коментираше тој потег и истакна дека „Вагнер нема да потпише никакви договори со Шојгу“.

Да потсетиме, лидерот на „Вагнер“ досега постојано го напаѓаше руското воено раководство, нарекувајќи ги некои од нив предавници бидејќи не ја воделе како што треба војната во Украина, пишува „Гардијан“.