Руските војници кои го соборија американскиот Ф-16 добија награда од 200.000 долари

Руски војници беа наградени со речиси 200.000 долари за соборување на американски борбен авион Ф-16 во Украина, пишува српски „Телеграф“.

Дванаесет припадници на вооружените сили добија награда од руската нафтена компанија Форес, која ја вети минатата година.

„Форес го исполни своето претходно ветување и им префрли 15 милиони рубли на припадниците на руските вооружени сили за соборување на првиот Ф-16 во зоната на специјални воени операции“, соопшти компанијата.

„Дванаесет војници кои учествуваа во гаѓањето во мета добија парични сертификати“, се додава во соопштението, во кое се наведува дека церемонијата се одржала на 29 мај.

Наградите се дел од поширока стратегија за охрабрување на Русите да вложат дополнителни напори за уништување на западната воена опрема. Украина ја смета испораката на борбени авиони Ф-15 и Ф-16 за клучна за одбраната на нејзиниот воздушен простор. Според достапните информации, Киев изгубил три такви авиони од минатото лето, кога пристигнаа авионите Ф-16 од САД.