Руските министри беа исфрлени од преговарачката сала во Пјонгјанг

Руските министри кои влегоа во преговарачката сала беа исфрлени од севернокорејски функционер.

Непишано правило ги изненади Русите, а тоа е дека корејскиот лидер Ким Џонг-ун секогаш треба да влегува прв на билатералните средби.

Во видеото објавено на социјалните мрежи може да се слушне краток разговор меѓу функционерите на двете земји.

„Зошто дојдовме овде? Веднаш ќе не предупредевте“, се слуша како прашува рускиот функционер.

„Прв ќе влезе нашиот лидер“, објасни претставникот на КНДР.

Инаку, рускиот претседател Владимир Путин е во официјална посета на Пјонгјанг, каде што оствари средба со претседателот Ким Џонг-ун.