Руските сили тврдат дека зазеле две населби во Украина

– Министерството за одбрана на Русија соопшти дека руската Армија окупирала населба во регионот Харков и населба во областа Доњецк во Украина, известува Анадолу.

Руското Министерство ги објави најновите информации за активностите на руските сили во руско-украинската војна.

Во соопштението се наведува дека руската Армија ги продолжува борбите во Украина.

„Руските единици зазедоа важни позиции ослободувајќи ја населбата Ивановка во регионот Харков. Трупите на Централните сили ја ослободија населбата Нетајлово во Доњецк“, се вели во соопштението.

Во соопштението се посочува дека руските системи за противвоздушна одбрана собориле 44 беспилотни летала на украинската Армија.