РУСКИ АМБАСАДОР ВО САД: Испораката на Ф-16 во Украина ќе го постави прашањето за вклученоста на НАТО, Америка треба да размисли за можен одговор
Испораката на борбени авиони Ф-16 на Украина ќе го постави прашањето за вмешаноста на НАТО во конфликтот, изјави денеска рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов.
Антонов на Телеграм напиша дека нема потребна инфраструктура за управување со тие борбени авиони во Украина и дека нема потребен број пилоти и персонал за одржување на авионот, пренесе Ројтерс.
Во исто време, руските медиуми, по пораките од самитот на Групата 7 во Хрошима, на кој присуствуваше и украинскиот претседател Володимир Зеленски, ја критикуваа поддршката на САД за Украина, обвинувајќи го Вашингтон дека покажува дека Америка нема интерес за мир со одобрување на украинскиот напад на Крим со западно оружје.
„Вашингтон целосно ги остави членките на Г7 на сопствената волја во однос на конфликтот во Украина. Освен тоа, сериозно ги зацврсти своите пристапи за две важни прашања. Мислам и на предавањето на авионите Ф-16 на режимот во Киев. како безусловно одобрување на нападот на Крим од американско и друго западно оружје Ваквите чекори уште еднаш јасно покажуваат дека САД никогаш не биле заинтересирани за мир“, изјави рускиот амбасадор во Вашингтон, Анатолиј Антонов.
Тој рече дека Русија ќе ги гледа нападите на Крим „како напад врз кој било друг регион на Руската Федерација“ и ги повика САД да ги разгледаат можните мерки за руски одговор, пренесе руската агенција ТАСС.