РУСКИ БРОД НАРУЖЕН ДО ЗАБИ ЗАПЛОВИ ВО ИНДИСКИОТ ОКЕАН! Русија, Кина и уште една земја подготвуваат нешто големо (ВИДЕО)
Воените вежби наречени „Вежба МОСИ“ се одржуваат до 27 февруари.
Руската фрегата „Адмирал Горшков“ вплови во Индискиот Океан како дел од заедничките поморски вежби со Јужноафриканската Република и Кина . Ова се втори заеднички воени поморски вежби на морнариците на Русија, Народноослободителната армија на Кина и Јужна Африка.
Воените вежби наречени „Вежба МОСИ“ се одржуваат до 27 февруари во областа на градовите Дурбан и Ричардс Беј во провинцијата КваЗулу-Натал. Првите вакви вежби беа одржани во водите на Јужна Африка во ноември 2019 година.
Погледнете како изгледа руската фрегата „Адмирал Горшков“: