Руски брод потона по експлозијата: Драма во Средоземното Море, исчезнати морнари! (ВИДЕО)

Како што се додава, 14 членови на екипажот се спасени, а двајца се водат како исчезнати.

Руски товарен брод потона во меѓународните води на Средоземното Море, а двајца членови на екипажот се водат за исчезнати, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.

Товарниот брод со 16 членови на екипажот „потонал по експлозија во машинскиот простор“, се вели во соопштението на кризниот штаб.

Како што се додава, 14 членови на екипажот се спасени, а двајца се водат како исчезнати.

Сите членови на екипажот се руски државјани.