Руски воени авиони пресретнати над Балтикот, летале со исклучен транспондер

 Три руски воени авиони кои летале над Балтичкото Море со исклучени транспондери биле пресретнати во меѓународниот воздушен простор.

Како што соопшти германското воено воздухопловство, се работи за два руски ловци Сухој СУ-27 и еден авион од типот Иљушин Ил-20. Идентификувани се со авиони на британското и германското воздухопловство, при што Германците на Твитер објавија и неколку фотографии од руски авиони направени во воздух.