Руски воени бродови забележани кај Тајван и Окинава

Јапонската администрација минатиот месец соопшти дека зголемената руска воена активност била забележана недалеку од јапонската територија, вклучително и маневри со кинеските сили, кои според неа претставуваат „сериозна загриженост“ за националната безбедност на Јапонија.

Јапонското Министерство за одбрана соопшти дека во петокот два руски воени брода биле забележани во водите недалеку од Тајван , а во претходните четири дена во близина на јапонскиот остров Окинава.

Јапонското Министерство за одбрана објави дека две фрегати од класата Стерегуски првпат биле забележани во вторник наутро на 70 километри југозападно од островот Јонагуни во префектурата Окинава, недалеку од Тајван.

Во соопштението се наведува дека бродовите се движеле во водите меѓу Јонагуни и Тајван.

„Тие потоа се упатија кон исток и последен пат беа видени во петокот вечерта во водите меѓу островот Мијако и Окинава“, се вели во соопштението.

Слично соопштение имаше и Тајван во текот на неделата.

Руската агенција објави дека бродовите на руската Пацифичка флота влегле во јужниот дел на Филипинското Море со цел да извршуваат задачи како дел од вежбите за едрење во далечните мориња.