Русија во неделата ѝ предаде на Украина уште 1.200 тела на украински војници убиени во војната, објавија руските државни новински агенции, наведувајќи дека Москва не добила никакви руски тела за возврат.
Руските државни новински агенции ТАСС и РИА објавија за предавањето, повикувајќи се на неименуван извор, пренесува Ројтерс.
Ова е четврто во низата предавања на останки на војници што се случија во изминатата недела, во согласност со договорот постигнат меѓу Русија и Украина на разговорите во Истанбул претходно овој месец.
Киев и Москва се согласија да предадат до 6.000 тела и да разменат болни и тешко ранети воени заробеници и лица под 25 години.
Русија тврди дека досега ѝ ги предала на Украина телата на речиси 5.000 украински војници, но објави дека за возврат примила вкупно 27 руски војници.
Украина и Русија досега разменија тројца воени заробеници, но не го открија точниот број.