РУСКИ ПРОЕКТИЛИ ГО ПОКРИЈА НЕБОТО НАД УКРАИНА: Погодени цели од Харков до Киев, којзнае колку луѓе се затрупани во урнатините
Тажна ноќ за украинскиот народ
Најмалку 14 лица се повредени во руските напади врз градови низ Украина во текот на ноќта , соопштија украинските власти.
Во Киев седум лица се повредени , меѓу кои и едно деветгодишно девојче , изјави градоначалникот Виталиј Кличко, додавајќи дека се оштетени и некои станбени и деловни објекти.
Најмалку две лица се повредени во шест руски напади врз областа Слобид во Харков, кога била оштетена и цивилна инфраструктура, изјави регионалниот началник Олег Сињегубов.
Пет лица се повредени, а најмалку едно лице е затрупано под урнатините во градот Черкаси , каде е оштетена зградата на социјалната инфраструктура, изјави началникот на областа Игор Табурец, пренесе АП.
Остатоци од ракети паднаа во центарот на Киев и оштетија нестанбени згради на исток, предизвикувајќи пожар, рече Кличко, пренесе Ројтерс.
Официјални и локални медиуми, исто така, објавија дека експлозиите се случиле во областа Хмелницки, Виниција, Лавов и Ивано-Франковска област.
Во градот Ривне во западна Украина во некои делови снемало струја, па се претпоставува дека во руските напади е оштетена енергетската инфраструктура.