Руско дипломатско возило учествувало во сообраќајна несреќа, повреден Кумановец

46-годишен кумановец е повреден при судир со дипломатско возило управувано од руски државјанин. Несреќата се случила на патот Куманово-Крива Паланка.

МВР за несреќата соопшти во својот редовен билтен:

На 05.05.2023 околу 10.50 часот во СВР Куманово било пријавено дека на магистрален пат Куманово – Крива Паланка се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „форд фокус“ со дипломатски таблички, управувано од К.А.Л.(52) од Руската Федерација и патничко возило „опел“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Г. Б.(46) од Куманово. Во незгодата, со повреди се здобил Г.Б. и бил пренесен за укажување лекарска помош во болницата во Куманово. Увид извршила екипа од СВР Куманово.