Срцевите заболувања се главна причина за смрт во светот, особено во последно време. Но, анкетата на Харис за Американското здружение за срце покажа дека 51% од Американците не ја знаеле оваа статистика.
„Срцевите заболувања можат значително да се намалат ако можеме да ги спречиме факторите на ризик“, вели кардиологот Шаран Шарма.
Но, дали знаевте дека спиењето и конкретно ‘рчењето може да бидат знак за проблем со срцето?
‘Рчењето не е само нервоза за секој партнер во кревет, туку нешто што е поврзано и со срцето. „Рчењето може да биде знак за апнеја при спиење“, објаснува д-р Шарма, пишува Парад.
„Оваа состојба е поврзана со различни срцеви заболувања како што се атријална фибрилација, хипертензија и стегање на срцето.
Студијата од 2024 година на повеќе од 12.000 луѓе објавена во Nature покажа дека редовното ‘рчење го зголемува ризикот кај луѓето од неконтролиран висок крвен притисок. Апнеја е целосно отсуство на проток на кислород најмалку 10 секунди.
‘Рчењето може да биде и знак за пад на протокот на воздух познат како „хипопнеа“ кој исто така трае 10 или повеќе секунди. И двете имаат последици кои можат да бидат штетни за срцето.
„Ова нарушување го зголемува стресот или хормоните како кортизон и адреналинот“, вели докторот Леонард Пјанко.
„Овој хормонски наплив го зголемува вашиот крвен притисок и отчукувањата на срцето и може постојано да го оптоварува вашиот кардиоваскуларен систем, предизвикувајќи срцев удар“, цитира Анабел.
Дали ‘рчењето секогаш е знак за срцеви заболувања?
Лекарите ги советуваат луѓето да обрнат посебно внимание на ‘рчењето бидејќи тоа е поврзано со срцеви заболувања доколку е придружено и со:
▪ Дишење што престанува за време на спиењето
▪ Прекумерна дневна поспаност
▪ Тешкотии со концентрирање
▪ Утрински главоболки
▪ Болки во грлото по будењето
▪ Висок крвен притисок