Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков смета дека се потребни „мали чекори“ за приближување на Москва и Вашингтон до договор за билатералните прашања, јавија денеска руските медиуми.
-Се надеваме дека тактиката на мали чекори ќе ни овозможи да дојдеме до заемно прифатливи решенија за најважните прашања од билатералната агенда, изјави заменик шефот на руската дипломатија во интервју за РИА Новости.
Тој додаде дека е многу веројатно Договорот за контрола на нуклеарното оружје со САД- „Нов СТАРТ“ да заврши по 2026 година.
-Ова е сосема можно сценарио“, рече Рјабков.
Американско-руските разговори за продолжување на инспекциите според договорот „Нов СТАРТ“, што истекува во февруари 2026 година, беа прекинаа во ноември 2022 година. Ниту една страна не утврди временска рамка за нови разговори.
Русија и САД ќе ги продолжат преговорите за размена на затвореници, но малку е веројатно дека ќе има размена на сите за се, изјави Рјабков.
Преговорите за воспоставување безбедносна зона околу украинската нуклеарна централа Запорожје, што е под руска контрола, се тешки, а Киев се чини само одолговлекува, изјави рускиот дипломат.
-Бидејќи консултациите со МААЕ се во тек, не би било в ред да се објавуваат информации за можните параметри на заштитната зона на ЗНПП. Процесот на преговори не напредува лесно“, истакна тој.
„Ги доставивме нашите предлози до Рафаел Гроси, генералниот директор на агенцијата. Колку што знаеме, Киев сè уште не дал јасен одговор на иницијативата на шефот на МААЕ. Очигледно е само одолговлекување“, рече Рјабков.