На овогодишното заседание на Светиот архиерејски синод на Српската православна црква (СПЦ) особено внимание беше посветено на темата за конечното решавање на канонскиот статус на архиереите на Православната Охридска Архиепископија, во светло на минатогодишната одлука на Светиот архиерејски синод за враќање во канонски статус и воспоставување литургиско единство, како и последователната одлука за доделување на Томос за автокефалност на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, јави дописникот на МИА од Белград.
„За таа цел, Соборот донесе одлука за доделување канонско ослободување на ерархии на оваа автономна црква од страна на СПЦ и нејзино интегрирање во Синодот на Македонската православна црква во согласност со светите канони и Устави на двете помесни Цркви, како и претходно постигнатиот договор на Синодите на сите три црковни структури“, се наведува во соопштението на Светиот архиерејски синод на СПЦ.
На Соборот приосуствуваа и архиереји на Православната Охридска Архиепископијам како и сите викарни архиереји.