САГАТА МЕЃУ КИЛИЈАН МБАПЕ И ПСЖ ПРОДОЛЖУВА – На само еден ден пред почетокот на новата сезона катарските шеици му испратиле контраверзно писмо на Французинот

Сагата меѓу Килијан Мбапе и ПСЖ продолжува. Откако францускиот напаѓач реши да не ја користи клаузулата со која би го продолжил договорот за уште една сезона, постојано се пишуваше за негово заминување од Париз, но тоа не се случува. Килијан Мбапе е подготвен да остане до крајот на сезоната, а ПСЖ сака да го продаде за да добие обештетување за него, па користи малку несоодветни методи.

Угледниот спортски весник L‘Equipe пренесува дека ПСЖ пред неколку дена испратил писмо до фудбалерот за да го убеди да ја промени одлуката и да го продолжи договорот или барем да излезе на пазарот за трансфер. Покрај тоа што го потсетуваат дека добил неверојатни услови од клубот какви што никој досега не ги добил во светот на фудбалот, парижаните му пишуваат на Килијан Мбапе и за другите последици што би ги предизвикала неговата одлука да остане без продолжување на договорот.

Би биле соочени со продажба на други играчи, би морале да ја преиспитаме политиката за интегрирање на младите играчи од нашата академија во првиот тим и најверојатно ќе треба да започне бран на отпуштања. Сè што изградивме во клубот би било доведено во прашање“, наводно пишувало во писмото, чии делови ги објави L’Equipe.

Килијан Мбапе тренира со вториот тим на ПСЖ кој утре против Лориен го игра натпреварот од првото коло од новата сезона во Лига 1.