СЛОВЕНЦИТЕ ОСВОЈА БРОНЗАТА НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО: Одбојкарите ја совладаа Франција во мечот за третото место

Словенечката одбојкарска репрезентација вечерва го освои бронзениот медал на Европското првенство, откако во Рим ја совлада Франција со 3:2 во сетови (25:22, 25:16, 21:25, 18:25, 15:11).

Словенија ја предводеше Рок Можич со 26 поени. Во победата придонесоа Тине Урнаут со 19 поени, а Клемен Чебуљ со 15 поени.

Ервин Нгапет со 18 и Кевин Тилие со 16 поени беа најефикасни кај францускиот тим, додека Жан Патри додаде 12.

Тоа е четврти медал за Словенија на европските првенства, откако на претходните освоија три сребра.

Од 21 часот во финалето ќе играат Италија – Полска.