САД би можеле да останат без пари до 1. јуни !? Џо Бајден смирува и уверува дека државата ќе го плати долгот: “Ќе се обединеме, немаме алтернатива!“

Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден денес најави дека е уверен оти тој и конгресмените од Републиканската и Демократската Партија ќе постигнат договор за буџетот, а американската Влада ќе го плати својот долг, објави медиумската агенција Reuters.

Џо Бајден додаде дека преговарачите ќе се сретнат денеска, и дека ќе биде во близок контакт со нив за време на целиот процес.

Ќе се обединиме бидејќи немаме алтернатива. Да бидам јасен, овие преговори се однесуваат на буџетската рамка, а не дали ќе ги платиме долговите или не“, објасил претседателот на САД.

Тој посочи дека лидерите на двете партии се согласиле дека нема да дозволат САД да дојде во ситуација да не може да си ги плати долговите.

Министерката за финансии на САД, Џенет Јелен, претходно предупреди дека американската Влада би можела да остане без пари до 1. јуни доколку Конгресот не го подигне или суспендира плафонот на долгот.

Долгот на федералната Влада моментално изнесува 31,4 трилиони долари.

Постигнувањето на границата на долгот би значело дека американската Влада повеќе не е во состојба да позајмува пари и, во исто време, би ја ставила во ситуација да не може да го отплати долгот, што би ги разнишало глобалните финансиски пазари и би ја поткопало довербата во САД како глобална деловен партнер, пишува медиумската агенција Reuters.