САД засега немаат докази дека три неидентификувани воздушни објекти соборени овој месец се поврзани со Кина или со некоја странска шпионска програма. Тоа го соопшти денеска Белата куќа.
Американските власти „досега не виделе никакви индикации или нешто што конкретно укажува на идејата дека тие три објекти биле дел од програмата за шпионски балони на Кина или дека тие дефинитивно биле вклучени во напорите за надворешно собирање разузнавачки информации“, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност Џон Кирби.