САД викендов домаќини на 19. трка на Формула 1

– Соединетите Американски Држави во недела ќе бидат домаќини на 19. трка во Формула 1 за годинава.

Трката на Патеката на Америките долга 5,5 километри ќе се вози во 56 круга. Квалификациите започнуваат во сабота, а трката е закажана за следниот ден.

Спринт трката за Големата награда на САД ќе започне во сабота во 17:00 по локално време.

Макс Верстапен, кој веќе третпат се круниса со титулата светски шампион во Ф1, на 14 трки собра 433 поени.

Дваесет и шестгодишниот Верстапен им се придружи на Џек Брабам, Џеки Стјуарт, Ники Лауда, Нелсон Пике и Аиртон Сена како трикратен шампион.

Серхио Перез е на второ место со 224 бода, а третопласираниот Луис Хамилтон има 194 бода.

– Пласман на возачи

1. Макс Верстапен (Холандија): 433 поени

2. Серхио Перез (Мексико): 224

3. Луис Хамилтон (Велика Британија): 194

4. Фернандо Алонсо (Шпанија): 183

5. Карлос Саинц (Шпанија): 153

– Тимови

1. Ред Бул: 657

2. Мерцедес: 326

3. Ферари: 298

4. Астон Мартин: 230

5. Мекларен: 219