– Американското Министерство за финансии воведе санкции за поединци и компании обвинети дека незаконски генерираат приходи за севернокорејската влада.
Канцеларијата за контрола на странски активи при Министерството за финансии (OFAC) ја санкционираше трговската корпорација Чилсонг, која според САД била користена од Северна Кореја за стекнување девизи и за собирање разузнавачки информации.
На црната листа, исто така, е и Korea Paekho Trading Corporation, која е обвинета за собирање средства за севернокорејската влада од 1980-тите преку уметнички и градежни проекти на Блискиот Исток и Африка.
САД, исто така, воведоа санкции за две лица – Хван Кил-су и Парк Хва-сон. Според американското Министерство за финансии, тие им помогнале на властите во Пјонгјанг да генерираат приходи со основање на компанија наречена Конго Аконде во Демократска Република Конго, чиј профит доаѓа од градежни проекти.