Нондис Турман, портпаролка на воениот гарнизон Форт Кембел, сместен на границата помеѓу Кентаки и Тенеси, ја потврди смртта на војниците.
Девет војници загинаа при пад на два воени хеликоптера на американската војска за време на обука во американската југоисточна сојузна држава Кентаки во средата вечер, објавија локалните медиуми.
Нондис Турман, портпаролка на воениот гарнизон Форт Кембел, сместен на границата помеѓу Кентаки и Тенеси, ја потврди смртта на војниците.
Два хеликоптера од типот HH-60 Blackhawk се урнаа околу 22:00 часот по локално време.
„Имаме лоши вести од Форт Кембел, со извештај за пад на хеликоптери и смртни случаи“, изјави претходно гувернерот на Кентаки, Енди Бешер.
Од Форт Кембел информираа дека хеликоптерите се урнале во текот на рутинска обука.