„Односот што тие две земји го имаат е нешто што ние континуирано го следиме“
Соединетите Американски Држави (САД) ги негираат тврдењата дека Кина постигнала договор со Куба за формирање шпионска база во островската држава, се вели во соопштението на Пентагон, пренесува Анадолу.
„Не е точно дека Кина има план да воспоставување единица за електронско разузнавање во Куба, како што е објавено во ‘Вол Стрит Журнал (ВСЖ)’ повикувајќи се на американски претставници запознаени со доверливи разузнавачки информации“, изјави за новинарите портпаролот на Пентагон, Патрик Рајдер.
Како што рече, на Вашингтон не му е познато дека Кина и Куба воопшто развиваат шпионски станици.
„Би рекол дека односот што тие две земји го имаат е нешто што ние континуирано го следиме“, додаде тој.
Рајдер рече дека тие „со сигурност“ знаат дека Кина и Куба одржуваат некаков вид односи, но наводите во печатот не ја одразуваат вистината.
Тој истакна дека тие ќе продолжат внимателно да следат „какви било загрижувачки активности“ на Кина во различни делови на светот.
Кубанските и кинеските власти постигнаа начелен договор во кој е вклучено поставување објект за спроведување на она што е познато како собирање разузнавачки сигнали, објави денес „Вол Стрит Журнал“.
„Во замена, Кина ќе ѝ плати на сиромашната островска држава милијарди долари“, објави весникот