– Портпаролот на американскиот Стејт департмент денеска соопшти дека Соединетите Американски Држави го поздравуваат фактот што е лоциран затворениот руски опозициски политичар Алексеј Навални, но истакна дека Вашингтон е загрижен за неговата состојба.
Стејт департментот додаде дека е неопходно Навални веднаш да биде ослободен, пренесоа британските медиуми.
-Го поздравуваме фактот што г-дин Навални е лоциран. Сепак, остануваме длабоко загрижени за неговата состојба, рече портпаролот на Стејт департментот.
Се нагласува дека руската влада е одговорна за тоа што се случува со Навални во притвор. Портпаролката на рускиот опозиционер, кој отслужува 30-годишна затворска казна, претходно денеска соопшти дека Навални е лоциран.
-Го најдовме Навални. Тој се наоѓа во Казнената колонија 3 (ИК-3), во населбата Карп, на северот на Урал, во автономниот регион Јамал-Ненец. Неговиот адвокат денеска го посети. Алексеј се чувствува добро, рече Кира Јармуш.