САД гo погоди силна зимска бура, пријавени се 89 загинати

Во Соединетите Американски Држави, пријавени се 89 смртни случаи поврзани со временските услови, бидејќи силните зимски бури ја погодија земјата минатата недела.

Најмалку 25 лица загинаа во сојузната држава Тенеси и 16 во Орегон, каде што останува во сила вонредната состојба,

Смртни случаи биле пријавени и во Илиноис, Пенсилванија, Мисисипи, Вашингтон и Њујорк.

Десетици илјади луѓе останаа без струја: 10.000 жители во Орегон, 8.000 во Северна Каролина, 7.000 во Калифорнија и 4.300 во Кентаки.

Метеоролозите предвидуваат дека временските проблеми ќе траат до средината на неделата, пишува Би-Би-Си.

Минатата среда три лица настрадаа од струен удар во Портланд кога врз нивниот автомобил паднал столб за комунални услуги поради силниот ветер.

Во Сиетл поради зимски услови за четири дена починаа пет лица, повеќето бездомници.