САД-ЕУ, нов рок за трговски договор

Американскиот претседател Доналд Трамп се согласи да го продолжи рокот за трговски разговори со Европската унија (ЕУ) до 9 јули, откако претседателот на Европската комисија изјави дека на блокот му е потребно повеќе време за да постигне „добар договор“.

Урсула фон дер Лајен во објава на социјалните мрежи изјави дека ЕУ е подготвена брзо да дејствува во трговските разговори со САД, пренесува „Телеграф“.

Но, му требаше повеќе време за да постигне договор.

Таа, исто така, потврди дека имала „добар“ телефонски разговор со Трамп.

„Имавме многу убав разговор и се согласив да го поместиме рокот. Таа рече дека ќе се сретнеме многу наскоро и ќе видиме дали можеме да договориме нешто“, рече Трамп.

Инаку, американскиот претседател изјави дека е незадоволен од темпото на трговските преговори со ЕУ и се закани дека ќе воведе царини од 50% за сите стоки од ЕУ почнувајќи од 1 јуни.