– Како силен пријател и партнер на Сенегал, САД со загриженост и тага гледаат на насилството и штетите нанесени во многу делови на земјата, соопштија денеска од американскиот Стејт департмент.
-Испраќаме сочувство до семејствата и пријателите на загинатите и пожелуваме брзо и целосно опоравување на повредените, изјави портпаролот Метху Милер.
Тој додаде дека исклучителната историја на демократско владеење, владеењето на правото и мирниот соживот во Сенегал е нешто кое Сенегалскиот народ може вистински да се гордее.
Ги повика сите страни да ги искажуваат своите ставови на мирен начин.