САД испратија 75 возила за воена и логистичка поддршка во своите бази во Сирија

– Американската Армија испрати воени и логистички конвои од 75 возила во базите и воените контролни пунктови во сириската покраина Хасеке, која е под окупација на терористичката организација ПКК/ЈПГ.

Според информациите што новинарот на Анадолу ги доби од локални извори, конвоите на американските сили влегле во Хасеке од граничниот премин Ал Валид меѓу Ирак и Сирија на 19 и 20 јуни.

Два конвои од 75 возила стигнаа до базите и воените пунктови на американските сили во населените места Шедади и Румејлан, кои се под окупирација на терористичката организација ПКК/ЈПГ.

Конвоите вклучувале оклопни возила, цистерни со гориво, артилериски батерии и голем број возила натоварени со муниција.

Американската војска во текот на јануари испрати засилување во базите и контролните пунктови во населбите Румејлан, Шедади и Тал Бејдер окупирани од терористичката организација ПКК/ЈПГ во селата околу Хасеке.

Со почетокот на турската операција „Извор на мирот“ во октомври 2019 година, САД дадоа приоритет на распоредување трупи околу нафтените полиња додека ги евакуираа своите бази во областа на операцијата.

Продолжувајќи ја поддршката на терористичката организација ПКК/ЈПГ, американските сили моментално се присутни во многу бази и воени пунктови во регионите окупирани од терористичката организација во покраините Хасеке, Рака и Деир ез-Зор во Сирија.

Вашингтон постојано испраќа засилување во воените бази на нафтените полиња окупирани од терористите на ПКК/ЈПГ.