ВИДЕО | АВИОНОТ НА ЕВГЕНИЈ ПРИГОЖИН БИЛ НАМЕРНО СОБОРЕН !? На социјалните мрежи се шири снимка од авионската несреќа на ‘готвачот’: Загина ли и неговата озлогласена десна рака !?

Лидерот на групата Вагнер, Евгениј Пригожин, се најде на списокот на патници на авионот што се урна во Русија. Како што јави BBC, сите 10 патници загинале.

Претходно, познат руски канал на социјалната мрежа Телеграм, Grey Zone, кој е поврзан со Вагнер, објави дека авионот бил соборен од воздушна одбрана во областа Твер, северно од Москва.

OSINTdefender известува дека набргу по несреќата во регионот Твер, друг деловен авион во сопственост на Евгениј Пригожин, кој следел слична рута од Санкт Петербург, слетал во Москва.

KyivPost известува дека Дмитриј Уткин, озлогласената десна рака на Евгениј Пригожин и негов човек со најголема доверба, бил со Евгениј Пригожин во авионот.

Да потсетиме, Евгениј Пригожин водеше неуспешен бунт против руското воено раководство во јуни, а откако неговиот т.н. „марш кон Москва“ заврши неславно, а тој беше префрлен во Белорусија.