ОВА Е МОМЕНТОТ КОГА ПОЧНУВА ДА ПАЃА АВИОНОТ НА ПРИГОЖИН! Морничави сцени од местото на несреќата (ФОТО/ВИДЕО)

Десет лица загинаа во падот на приватен авион северно од Москва – а Руската управа за цивилно воздухопловство објави дека Евгениј Пригожин е на списокот на патници !

Во авионот „Ембраер“, кој се движел од Москва кон Санкт Петербург, имало седум патници и тројца членови на екипажот, јави ТАСС.

Се вели дека авионот се урнал во регионот Твер, северно од Москва. Според неофицијални информации кои ги лиферуваат некои руски медиуми, авионот наводно бил соборен од руска ракета за воздушна одбрана, но тоа не е официјално потврдено.

Се чини дека повеќе видеа објавени на социјалните мрежи покажуваат дека авионот паѓа.

Пригожин, за кој се верува дека бил на летот, го сподели своето прво видео обраќање по прекинатиот јунски бунт пред само два дена.

Шефот на групата Вагнер – кој беше испратен во Белорусија по маршот во Москва – објави видео на кое зборува додека носи заштита и држи пушка.

Уловен момент на пад
Десет лица загинаа во авионот што се урна во северозападниот дел од областа Твер, во близина на селото Куженкино, а руската управа за цивилно воздухопловство соопшти дека еден од нив е и Евгениј Пригожин.

На објавените видеа се гледа како леталото наеднаш губи висина, паѓа и паѓа, по што на местото на несреќата се појавува густ чад.

Според руските медиуми, станува збор за деловен авион Embraer. Новинарката Ксенија Собчак, повикувајќи се на извори, изјави дека бројот на авионот е RA-02795 и дека му припаѓа на основачот на групацијата Вагнер, Евгениј Пригожин.

Руското Министерство за вонредни ситуации извести дека во соборениот приватен авион кој летал од Москва за Санкт Петербург има десет лица (меѓу кои и тројца членови на екипажот). Според првичните информации, сите во авионот загинале.