САД и ЕУ му се заканија на Албин Курти со санкции доколку ситуацијата на Косово се влоши

Соединетите Американски Држави и Европската Унија ја разгледуваат можноста за мерки против Косово во случај тоа да не ги исполни своите обврски и да не ја смири ситуацијата на северот на земјата, вклучително и санкции против премиерот Албин Курти, соопштија дипломатски извори. на Еуроњуз Албанија.

Заедничкиот одговор на трансатлантската заедница во случај владата на Курти да ги одбие барањата ќе биде преку санкции кои се применуваат во две фази.

Првата фаза опфаќа замрзнување на средствата од ЕУ, замрзнување на процесот на визна либерализација, процесот на членство во Советот на Европа, американските фондови и програми за КБС.

Втората фаза вклучува пасивен однос кон српската кампања за повлекување на признавањето, реорганизација на меѓународното воено присуство, сериозно намалување на американскиот контингент и исклучување на Косово од некои меѓународни организации.

Поединечни санкции се предвидени и за премиерот Албин Курти доколку ситуацијата на терен дополнително се влоши. Ова може да вклучи прогласување на двајцата функционери нон грата, „поради тоа што тие претставуваат закана за безбедноста и мирот“.

Во текстот се нагласува дека никој не очекувал проблемот да го предизвика Владата на Косово, која со своите постапки ќе промовира несигурност и ќе поттикнува конфликти и кризи.

Понатаму се наведува дека меѓународната заедница останала без трпение и бара „јасен одговор од косовската влада: дали е партнер на трансатлантската заедница или не“. Велат дека да се биде партнер значи безусловно исполнување на сите обврски, а „неисполнувањето предизвикува последици“.

Покрај критиките за актуелната власт, во документот се критикува и косовската опозиција и се обвинува дека „не ја разбираат сериозноста на ситуацијата и реалната опасност за Косово“. Во документот се наведува дека опозицијата мора да излезе со јасен став доколку е посветена на исполнување на обврските на Косово во процесот на дијалог.