Стејт департментот на САД денеска ги стави на црната листа Стевчо Јакимовски, градоначалник на Општина Карпош и кандидат за претседател на РСМ, како и Катица Јанева, поранешната специјална јавна обвинителка.
Според проценките на Соединетите Држави, нивните постапки го поткопаа владеењето на правото и довербата на јавноста во демократските институции и јавните процеси на нивните влади.
„Во нејзиното службено својство како поранешен специјален главен обвинител во Македонија, Јанева беше вмешана во коруптивни практики, вклучително и користење на нејзиното политичко влијание и официјална моќ за лична корист. Има веродостојни информации дека Јанева барала и примила поткуп за да влијае на обвинителството под нејзина надлежност“.
„Во своето службено својство како градоначалник на општина Карпош, Јакимовски се вклучи во коруптивни практики, вклучително и користење на својата службена положба за мешање во урбаниот развој и процесите на набавки за да имаат корист за себе и за неговите соработници.
„Овие назначувања ја потврдуваат посветеноста на САД да го поддржат владеењето на правото и да ги зајакнат демократските институции на целиот Балкан. Одделот ќе продолжи да ги користи сите расположливи овластувања за промовирање на одговорност за корумпираните актери во регионот и на глобално ниво“, се вели во соопштението на американскиот Стејт департмент.